Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

Автомобилска Индустрија

Resinex Групацијата има посветен тим на професионалци кои соработуваат со ОЕМ (original equipment manufacturer) производителите, Tiers производителите како и со компанииите кои развиваат проекти и калапи за автомобилската индустрија.

Resinex е партнер на кој компаниите од автомобилската индустрија му даваат предност благодарение на нашата техничка стручност, доверливата логистичка услуга и широкиот асортиман на типови на полимери кои се применуваат во автомобилската индустрија.

Тимот на Resinex може да одговори на многу денешни предизвици во автомобилската индустрија како што се:

  • Производство на побезбедни возила
  • Специфични побарувања на купувачите
  • Строги стандарди и прописи
  • Потреба за поекономични решенија
  • Намалување на емисиите на CO2

Во широкото портфолио на Resinex можеме посебно да укажеме на следните полимери кои се користат во автомобилските апликации:

Краток преглед на одбрани полимери:

полипропилени полнети со талк, како INSPIRE™ TF1500 ESU и TF1305 ESU, направени се за необоени, внатрешни облоги кои нудат првокласна отпорност на гребење и оптимално ниво на содржината на талкот, и како краен резултат имаат помала густина и тежина.

VELVEX™ засилени еластомери, за примена во необоени внатрешни облоги, кои нудат подобра отпорност на гребење и нечистотија и помал сјај во однос на други познати материјали кои се полнат со талк како PP, PA/ABS или ABS производи.

MAGNUM™ 3416SC и MAGNUM™ 3616 познати се како најдобри ABS материјали за високи температури. Овие материјали кои се водечки на пазарот овозможуваат производство на внатрешни автомобилски делови кои се исклучително отпорни на топлина и димензионално стабилни.

MAGNUM™ 3904 содржи посебен тип на висок квалитет за силни удари, и се користи за делови кои се отпорни на удар. Сите типови на MAGNUM™ ABS даваат исклучителна термостабилност во текот на преработката, што резултира со неприметлив мирис и мала емисија на јаглерод.

За луксузни возила со голема потреба од отпорност на удари при ниски температури, Resinex нуди PC/ABS PULSE™ инженерска пластика од Trinseo, како што се PULSE™ A35-105, PULSE™ A35-110 за отпорност на високи температури или неодамна развиениот PULSE™ GX50.

Широка линијаTECHNYL® PA6 и PA66 продукти, од кој секој има урамнотежен распон на својства и исклучителен технички перформанс, нуди нови решенија наменети за различни сегменти на примена во возилата како што се каросерија, структурни делови, ладење и топлење, воздушни системи, механички делови, трансмисија, внатрешен дизајн, спојќи и др.

Scolefin® PP компаунди се првокласни компаунди засновани на PP хомополимери како и на кополимери. Имаат широка примена во автомобилските апликации и се повеќе се познати поради својот висок квалитет и конкурентни цени.

Компаунди со индустриски квалитет и високо квалитетни рециклираниMafill® PP, Mablex® PC/ABS, Ravamid® PA и други компаунди од производството на нашата матична компанија Ravago не само што се многу економични, туку претставуваат и еколошко решение за многу автомобилски апликации.