Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

Биопластика – тековно важен тренд

Денес постои биопластична алтернатива за скоро секој конвенционален пластичен материјал и соодветна апликација.

Постојат два главни мотори за биопластиката кои се наоѓаат во првите редови на нашиот интерес:

  • Зголемување на општествената свест за климатските промени
  • Зголемување на цените на фосилните материјали

Конвенционалните ограничувања на пластичните производи честопати се поддржани од законодавството (пр. забрана на бесплатни пластични кеси за пазарење) , заедно со тоа, многу водечки компании излегуваат со свои иницијативи за намалување на отпадот од јаглерод на производот за да ги исполнат барањата на своите клиенти:

  • Производителите на автомобили постојано ја зголемуваат употребата на рециклирана пластика
  • Компанииите како Coca-Cola, Danone, Ikea, Samsung, Procter & Gamble, Heinz и други имаат производи/пакувања направени од биопластика.
  • LEGO започна со производство на делови од нивните познати комплети од биопластика и планираат целото производство да им биде од биопластика до 2030 година.
  • Супермаркетите Island планираат за нивните производи да употребуваат само непластична амбалажа и исто така супермаркетите Tesco би сакале да користат само рециклирано пакување.

На тој начин значително се забрзува трендот кон алтернатива на конвенционалната пластика и значително се зголемува побарувачката за биопластика и рециклирана пластика.

Што точно е биопластика?

Која е разликата помеѓу биоразградливата и биобазираната пластика?

Биопластикае општа ознака за биоразградлива пластика, пластика направена од обновливи извори, или двете. Тие ги имаат истите својства како конвенционалната пластика, но нудат дополнителна придобивка затоа што се поеколошки.

Биоразградлива пластика е пластика, која под соодветни услови како резултат на дејството на природните микроорганизми, го разградува полимерниот ланец во природни супстанци.

Биобазирана пластика - пластика направена од обновливи извори, како што се пченка, шеќерна трска, соја зрна, итн.

Друга важна група на пластика што може позитивно да придонесе за намалување на јаглеродниот отпад е рециклираната пластика.

Со своето сеопфатно портфолио на биопластика, RESINEX е лидер на пазарот за еколошки одржливи производи. Ние доставуваме биопластика и високо квалитетна рециклирана пластика за апликации од автомобилската индустрија преку 3Д печатење до контејнери изрботени со дување или фолии.

Биоразградлива и биобазирана пластика

PLA Ingeo

PLA Ingeo™ (полилактична киселина) од Natureworks е направена со полимеризирање на млечна киселина добиена со ферментација на пченични шеќери. Користејќи Ingeo ™ ја намалуваме емисијата на гасови во стаклената градина до 75% во споредба со конвенционалните пластики како што се PS или PET.

Главните предности на PLA материјалот се:

  • Одличен сјај и јасност
  • Лесно обликување
  • Печатење и втиснување
  • Висока крутост
  • Одлични бариерни својства

Главно се користи во индустријата за пакување, за производство на пластичен прибор за јадење, кујнски подлоги или 3Д филаменти.

BioBatch– PLA компаунди за екструзија на филм

BioBatch е биоразградлив PLA компаунд направен од биополимери и специјални адитиви одобрени согласно DIN EN 13432 како и DIN CERTCO D 6400.

Тие се договор на сегашниот тренд и на новата легислатива за да ја лимитира потребата од користење на ќеси за еднократка употреба кои се изработени од конвенционална палстика.

Типични апликации се:

  • Ќеси за пазарење
  • Градинарски и земјоделски потреби
  • Ќеси за отпад
  • Хигиенски фолии и фолии за пакување

Биобазирана пластика

I´m green™ PE

I'm green ™ Полиетиленот од Braskem е Биополимер направен од шеќерна трска етанол. Ги има истите својства, одлична разноврсност и обработка на апликацијата како класичен полиетилен, може да се рециклира исто како и стандардниот PE.

I'm green ™ Полиетиленското портфолио вклучува:

  • LDPE
  • LLDPE
  • HDPE

I'm green ™ PE е особено погоден за производство на флексибилна и цврста амабалажа (храна и пијалоци, детергенти и козметика), играчки и лименки или пластични ќеси.

Да се идентификуваат производи кои имаат I'm green™ Полиетилен во нивниот состав, и да им помогнеш на купувачите да гo препознаат, Braskem креираше I'm green™ печат. За употреба на I'm green™ печатот, продуктот мора да содржи одредени критериуми воспоставени од Braskem.

PA 4.10 EcoPaXX®

PA 4.10 EcoPaXX® од DSM е направен од 70% рицинусово масло. Неговите термички и механички својства достигнуваат вредност како PA66, но исто така имаат 30% понизок апсорбирачки капацитет.

Главни карактеристики на EcoPaXX® се:

  • Одлична хемиска отпорност
  • Ниска апсорбција на вода - соодветна алтернатива на PA66 ако делот е во контакт со вода / гликол
  • Висока точка на топење до 250°C - највисока на сите биополимери
  • Висока брзина на кристализација како PA66 и PA6 за брзо и лесно за процесирање

TPC Arnitel® ECO

TPC (TPE-E) Arnitel® ECO е термопластичен кополиестер направен од 50% обновливи извори како масло од репка.

Главните предности на Arnitel® ECO се:

  • Одлична отпорност на замор
  • Издржливост на високи температури
  • Висока отпорност на удар
  • Висока отпорност на абење и абразија
  • Добра хемиска издржливост и издржливост на временски услови

PA 6.10 Technyl® eXten

Полиамид 6.10 Technyl® eXten направен е од најмалку 60% обновливи извори.

Главните придобивки на Technyl® eXten се:

  • Одлична хемиска отпорност на соли (ZnCl2), масло, топла вода, пареа и гориво
  • Одлична бариера за гас (O2, CO2)
  • Многу добра бариера за гориво
  • Отпорност на висока температура
  • Висока адхезија за метали - обложување на метални површини како заштита од корозија и оксидација

Благодарение на неговата исклучителна хемиска издржливост на соли, како и на пареа и топла вода, и ниската абсорпција на вода, Technyl® eXten е економична алтернатива на долго ланчаните јаглеродни полиамиди како што е PA12.

PA11 Rilsan®

PA11 Rilsan® е уникатен полиамид со високи перформанси од „Arkema“, направен од 100% обновлив извор - рицинусово масло.

  • Издржливост како на високи така и на многу ниски температури
  • Отпорност на масла, хидраулични флуиди и гориво
  • Ниска абсорпција на вода
  • Многу добра отпорност на абразија
  • Одлична жилавост дури и при ниски температури

PA Rilsan® CLEAR

RILSAN® CLEAR е транспарентен PA со висок перформанс кој нуди иновативен дизајн и можности за делови добиени со бризгање особено за спорт и слободни активности.

TPE-A Pebax® Rnew®

TPE-A Pebax® Rnew® термопластичен еластомер со високи перформанси кој се заснова на биопластичен Rilsan® PA11.

Предностите на TPE-A Pebax® Rnew® се:

  • Мала густина
  • Лесна преработка
  • UV отпорен
  • Одлични еластични својства
  • Висока отпорност на топлина

Висок квалитет на рециклирана плстика

Употребата на рециклирана пластика е исто така одговор на барањето за намалување на CO2 емисии, одржливост на животната средина и правната легислатива.

Многу производители (OEM) во различни индустриски сегменти имаат за цел употреба на одреден дел од рециклирана пластика во нивните производи. Евидентен доказ за тоа е, на пример во автомобилската индустрија, каде употребата на рециклирана пластика е често условена не само од финансискиот дел на нејзината употреба.

PA6.6 Technyl®4earth®

PA6.6 Technyl® 4earth® е направен согласно технолошкиот патентиран развиток со стабилен извор на пост-индустриски технички текстил, како што се автомобилските воздушни перничиња. Оваа уникатна технологија нуди пријателски производ кој ги задржа истите спецификации како стандардниот Technyl® полиамид кој се користи за исти апликации.

  • Слична вискозност со традиционалните полиамиди
  • Може да се обликува при висока топлина
  • Одлични механички својства
  • Добра отпорност на стареење

Високо квалитетна рециклирана пластика RAVAGO

Ravago, кои се експерти за пластични компаунди, имаат развиено широко портфолио на индустриски типови на полимери кои се исклучително засилено мониторирани и со контролиран квалитет. Пластиката со индустриски квалитет обично се користи за високо-визуелни и не визуелни апликации кои бараат добри механички својства и поволна цена.

Техничките експерти на RAVAGO се во контакт со стручни лица од автомобилската индустрија како VW, Škoda, Daimler, BMW, Ford, Jaguar Land Rover и други. Материјалите на RAVAGO се развиваат на начин кој ги исполнува точните спецификации на секој ОЕМ.

Преглед на високо квалитетни рециклирани полимери на RAVAGO: