Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

Полимер Компаундинг ... Примарни, со Индустриски квалитет и Рециклирани Компаунди.

Зголемените економски и еколошки притисоци предизвикаа промена во начинот на кој општеството и индустријата размислуваат за пластиката која се користи за пакување и производство.

Во зависност од потребите и од примената, преработувачите и крајните корисници сега имаат широк избор на материјали засновани на односот помеѓу цената и перформансите како и на нивните еколошки својства (пр. содржината на рециклираните материјали).

Resinex нуди широк асортиман на компаунди за инженеринг од примарни брендирани суровини, преку индустриски компаунди до рециклирани компаунди, производи на својата матична компанија Ravago, најголемиот независен произведувач на компаунди во Европа, со капацитет поголем од 450 кило тони.

Примарни компаунди погодни се за критични апликации за големи технолошки потреби, произведени од примарни полимери и полнила заради добивање најдобри естетски и технички особини, со релативно мала толеранција во спецификацијата. Примарните компаунди изработени по нарачка се погодни за точно да се вклопат во потребите за пластичните делови.

Рециклираните компаунди може да се користат за производство на пластични делови со пониска спецификација кај кои цената е најважна, и се изработуваат од постиндустриски и потрошувачки сировини и имаат широка толеранција за полимерски суровини.

Компаундите со индустриски квалитет го премостуваат јазот помеѓу примарните и рециклираните материјали.

Тие обично се користат за апликации кои имаат високи барања, неестетски апликации или за производство на делови за општа намена за кои се потребни добри механички својства и во кои естетиката не е толку критична.

Компаундите со индустриски квалитет од Ravago претставуваат многу интересна алтернатива на примарните компаунди за многу индустриски сектори како што се автомобилската индустрија, индустријата за производство на мебел, рачен алат, електрични производи, осветлување итн.

Компаундите со индустриски квалитет се еколошки прифатливи бидејќи го ограничуваат производството на CO2 во однос на производството на примарните полимери, а исто така се нудат по ниска цена.

Генерално се произведуваат од мешавина на примарни и постиндустриски полимерни суровини. Овие рецепти исто така можат да се модифицираат по нарачка заради оптимизација на трошоците и перформансите, дури и за апликации кои бараат добра естетика и механички својства.

Како водечка Европска компанија за рециклирање и производство на компаунди Ravago Group го комбинира искуството од рециклирање и производство на пластични компаунди и вложува значајни средства во производство на индустриски компаунди. Оваа комбинација на различна експертиза доведе до широк избор на компаунди за инженерско високо ниво кое може да креира дополнителна вредност во сите гранки на индустријата.

Kомпаундите со индустриски квалитет на Ravago Group претставуваат компаунди за инженеринг кои се на располагање за апликации кои имаат високи барања во однос на механичките својства.

Благодарение на нивните добри механички и физички својства, лесната преработка и прифатливите цени, Ravago индустриските компаунди за инженеринг можат да се користат за различни апликации.

  • Електронски делови
  • Градежни апликации
  • Апарати за домаќинство
  • Автомобилски апликации.

Како експерт за мешање на различни типови полимери, Ravago Group разви широк асортиман на индустриски компаунди.

На располагање се следните полимери:

Асортиманот на Ravgo компаундите со индустриски квалитет првенствено се на располагање во црна боја и темни бои. Примарните компаунди се расположливи од сите можни бои.