Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

Погони

Сопственик на сите наши погони е нашата матична компанија Ravago која управува со истите. Ravago е водечка компанија во Европа за производство на компаунди и рециклирање со глобална продажба на компаунди од преку 500.000 МТ годишно и вкупна глобална продажба од преку 3,7 милиони МТ годишно. Ravago има повеќе од 45 години искуство во преработка на материјали а првично преработуваше и мелеше материјали за други компаниии на нашата локација во Берсе во Белгија. Помеѓу 1994 и 2001 година, стекнавме значајно искуство во преработката и мелењето, заедно со четириесетипетгодишното искуство на Ravago во производството на компаунди како совршена комбинација за проектирање и управување со нашите планирани погони за ротационо обликување.

Во 2001 година, го отворивме наjмодерниот погон во Арендонк, во Белгија, со почетен капацитет од преку 20.000 МТ годишно. Започнавме со мелење на природна смола и набрзо додадовме капацитети за екструзија и мешање како би ја надополниле својата се поширока понуда на производи.

Од 2001 година, капацитетот е проширен како би ja задоволиле зголемената побарувачка и продолживме да развиваме нови и единствени техники на преработка, со модификација на машините како максимално би ја зголемиле ефикасноста во производството и намалувањето на трошоците. Секако, користиме посебна опрема за црни, природни и обоени материјали за да ја спречиме меѓусебната контаминација и да ги тестираме своите материјали ригорозно како би биле сигурни дека ќе ги задоволиме и највисоките стандaрди.

Како најголем европски производител на компаунди и рециклатор на пластика и гума, секако дека сме многу еколошки ориентирани. Користиме најнова технологија како би ја намалиле потрошувачката на енергија, модерно филтрирање на воздухот поради намалување на загадувањето со прав, и секако, ја рециклираме целата наша амбалажа. Со силоси чив капацитет надминува 2.000 МТ, погодни во нив да се чува како прав така и гранули, постојано сме свесни за потрошувачката на нашата амбалажа. Можеме да испорачаме на големо, во големи вреќи и вреќи од 20/25 кг и со примената на автоматскиот FFS систем за пакување на вреќи ја смалуваме непрецизноста во тежината и растоварот на материјали, истовремено го унапредуваме квалитетот на нашите амбалажи на продуктите.

Во својот центар за ротационо обликување во Арендонк, имаме машина за ротационо обликување способна да симулира процес на ротационо обликување во најразлични услови. Постоењето на мали машини за мелење со лабораториска големина подразбира дека можеме да произведеме мали количини за лабораториска анализа или тестери за купувачите. Можеме истотака да тестираме многу други аспекти на нашите материјал (густина, MFI, сила на истегнување, ESCR итн), т.е да го контролираме квалитетот и производството.