Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

Услуги

Продажба на Полимери

RESINEX е водечки добавувач нa полимери во индустријата за ротационо обликување, и нуди брендирани природни полимери од својот партнер Dow Chemicals како и сопствен асортиман на природни, црни и обоени смоли. Покрај тоа нудиме и асортиман на полимери за специјална намена, како што се полуспроводливи, пенести PE и отпорни на оган материјали. Нашите техничари креираа и одреден број на полимери за специјални ефекти. Базирани на стандардните RE брендирани материјали, тие ефекти им помагаат на купувачите да ги разликуваат нашите производи од производите на нашите конкуренти.

Ве молиме погледнете ги нашитепродукти за повеќе информации.

Совпаѓање на бои

Продуктите во боја се клучниот дел од нашето портфолио на продукти, така што нашите купувачи често користат совпаѓање и контрола на бои. Нашиот тим на експерти можат да обезбедат широк спектар на формули, врз основа на одобрената опрема на пример содржина на тешки метали и трошоци. Нашите експерти можат да создадат формула за боја која одговара на Вашата опрема точно и повторливо.

Складишнина

Креиравме паневропска дистрибутивна мрежа заснована на неколку клучни производни и складишни места. Во комбинација со значајаните количини кои ги имаме на залиха и посветениот тим за логистика, можеме да дојдеме до решение на Вашите логистички проблеми.

Преработка за други компании

Во соработка со нашата матична компанија Ravago, ги користиме нашите производни погони во Белгија за сопствено производство и производство за други компании. Бидејќи имаме голем капацитет, можеме да понудиме доверлива, флексибилна и ефикасна услуга на преработка за други компании. Ravago има повеќе од 45 години искуство во индустријата на преработка за други компании, а услугите на ротационото обликување за други компании ја нуди од 1994 година. Ravago нуди услуги за производство на обоени компаунди за други компании, суво мешање и амбиентално мелење и е опремена за сите видови работи, како од мали лотови до порачки на големо.