Жици и Кабли
Со повеќе од 60 години индустриско искуство во апликации за енергетика, телекомуникации и специјални кабли, DOW™ Wire & Cable создава посебна вредност за своите купувачи ширум светот кои произведуваат жици и кабли, така што ги снабдува со материјали и решенија за компаунди зад кои стои темелно истражување, развој на производите и инженерска и пазарна експертиза.
Производите за кабли на DOW’s се базирани на полиолефин како - LDPE (и кополимери на LDPE), LLDPE, HDPE и PP.
Resinex има посветен продажен тим за индустријата од облaста на жици и кабли во Европа, Грција и Русија, и ексклузивно ги застапува материјалите на Dow Chemicals’ за жици и кабли под две главни трговски марки:
- DOW™ Жици и Кабли – деловна единица на компанијата Dow Chemical Company (Dow), водечки глобален добавувач на продукти, технологија, решенија и експертиза на која индустријата од областа на енергетиката може да се потпре во поглед на доверливоста, долговечноста, ефикасноста, лесната инсталација и заштита при преносот, дистрибуција и потрошувачка на енергија, глас и податок.
- DOW ENDURANCE™ – фамилија на полу-спроводливи и изолациони материјали за среден напон (MV), висок напон (HV) и екстра висок напон (EHV).
Горенаведените DOW™ брендови се состојат од висококвалитетни обложени, изолациони и полуспроводливи продукти за употреба во:
- Енергетиката (екстра висок напон, висок напон, среден напон и низок напон)
- Дистрибуција на "Зелена" Енергија
- Телекомуникации
- Посебни апликации
- Градежништво
- Лична електроника и уреди
- Транспорт