Акрилонитрил бутадиен стирен (ABS) е аморфен полимер кој се прави со полимеризација на емулзија или маса на акрилонитрил и стирен во присуство на полибутадиен. Најважните својства на ABS се отпорност на удар и тврдост.
Меѓу најголемите производители на ABS (акрилонитрил бутадиен стирен) се Trinseo, LG Chem, Chi-Mei и Styrolution. Поголемиот број на производители на ABS обично користат полимеризација на емулзија додека Trinseo користи полимеризација на маса.

ABS мономерни хемиски формули.
ABS најчесто се дефинира преку три главни својства:
- Проточност
- Отпорност на топлина
- Отпорност на удар
Стирен мономер му дава наABS добра можност за преработка, акрилонитрилот му дава крутост, отпорност на топлина и хемикалии додека бутадиенот го прави производот тврд и отпорен дури и при ниски температури. Промената на пропорциите на компонентните ABS и додавањето на поединечните адитиви може да доведе до различни типови со специфични својства. ABS има слаба отпорност на временските услови и поради тоа се препорачува само за ентериерна примена.
Акрилонитрилот бутадиен стирен може генерално да се користи во температурен опсег од -20°C до +80°C. ABS е отпорен на водени киселински раствори, алкали, концентрирана хлороводна и фосфорна киселина, алкохоли и животински, билни и минерални масти, но е неотпорен на концентирана сулфурна и азотна киселина. Акрилонитрил бутадиен стирен (ABS) е растворлив во естери, кетони, етилен дихлорид или ацетон.
ABS може да се преработува со бризгање или со екструзија.
Типичната примена на ABS (Акрилонитрил бутадиен стирен) е во:
- Општо: играчки, широка потрошувачка, телефони, безбедносни шлемови
- Автомобилска индустрија: внатрешни панели на врати, столбови, седишта, решетки, табли со инструменти, куќишта за огледала
- Уреди за домаќинство: куќишта за кујнски апарати, куќишта за правосмукалки, контролни панели за бела техника
- Екструзија: листови, туш кади, кровови на трактори, рабови на мебел, внатрешна оплата за ладилници, багаж