Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

PA (PA 6, PA 6.6, PA 11, PA 12) - Полиамид

Полиамиди се полимери со долг ланец на амидни единици (N-H- C=O). Овие полимери се добиваат со полимеризација на киселина на амид односно полиамид 6.6 (PA 66) се добива со реакција на адитивна киселина со хексаметилендиамин.

Полиамид 6 или најлон 6 (PA 6) беше развиен во 1952 додека полиамид 66 или најлон 66 (PA 66) беше веќе произведен во 1935 година во Дупонт.

Полиамидите спаѓаат во фамилијата полимери со најширока примена, во рамките на полимерите за инженеринг заради одличната рамнотежа помеѓу перформансите и цената.

Типична хемиска структура на полиамидите

2 главни типови на полиамиди се:

  • Polyamide 6 (PA 6)
  • Полиамид 6.6 (PA 66)

Но со модификација на хемиската структура (должина на ланците и хемиската организација), се добиваат уште неколку други фамилии на полиамиди како што се:

  • Полиамид 11 (PA 11) и полиамид 12 (PA 12)
  • Полиамид 4.6
  • Полиамид 6.10, 6.12, 10.10

Полиамид 11 (PA 11) е единствен полиамид со високи перформанси кој се произведува од обновливи извори-масло од рицинус. Има широка употреба благодарение на исклучивите својства кои се слични на полиамид 12 (PA 12): одлична хемиска и топлотна отпорност, висока димензионална стабилност и ниска густина.

Полиамиди (PA 6, PA 6.6 и други) обично се користат во многу апликации поради нивната екстремна долготрајност и сила.

Главни карактеристики на полиамидите се:

  • Отпорност на стареење на високи температури и во тек на долг временски период.
  • Голема сила и висока крустост.
  • Функционална тврдост дури и на ниски температури.
  • Висока проточност за лесно полнење во калапи.
  • Ихерентна отпорнот на запалливост.
  • Одлични ди-електрични својства.
  • Добра отпорност на абразија.
  • Извонредна хемиска отпорност.
  • Висока бариера/отпорност на хемиски бензин, маст или ароматични материјали.
  • Висока бариера за кислород.
  • Абсорпција на вода.
  • Одличен баланс помеѓу цената и перформансите.

Главни апликации на PA 6, PA 66 и други типови на полиамиди се:

  • Автомобилска индустрија
    • За воздух гориво: Влезови за воздух
    • За погонски компоненти: Менувачи, Спојки, затегнувачи на ланци
    • Капаци: Капак за мотор
    • За воздушни канали добиени со дување
    • Ентериер: Канистри за воздушни перничиња
    • Екстериер: предни решеткасти маски, кваки за врати, раткапни, огледала
  • Електрика и Електроника
    • Дистрибуција на струја: Разводни уреди за низок напон
    • Конектори: Индустриски CEE Конектори, завршни блокови
    • Електрични компоненти: Прекинувачи
  • Општа примена
    • Моторни алати: Домаќинство и Внатрешни делови
    • Спорт: Везови за скии, ролери
    • Железница: Железнички подлоги
    • Тркала
    • Мебел: разни апликации
    • Морски цевководи
    • Фолии за пакување