Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

PC - Поликарбонат

Поликарбонат (PC) носи во себе една уникатна комбинација на тврдост, оптичка транспарентност, крустост и сила. PC исто така покажува електрични својства. Поликарбонатот е аморфен и транспарентен.

Поликарбонатните материјали се произведуваат вонглавно по пат на поликондензациона реакција, која ја измислиле Bayer Material Science и GE Plastics (денес Sabic Innovative Plastics), при која доаѓа до реакција BPA (бис- фенол A) со фосген (COCl2). Процесите на топење на Поликарбонатот (PC) се создадени во тек на деведесетите години на дваесетиот век.

Хемиска формула на Поликарбонат.

Поликарбонатот е сам по себе еден од најтранспарентните полимери. Во исто време PC може да се обликува во различни бои, од прозирни нијанси до мат непрозирни бои. Естетиката на Поликарбонатот е на највисоко ниво во опсег на инжинерските полимери.

Тежината на молекуларниот ланец може да се проектира во тек на полимеризацијата така да му дава на Поликарбонатот многу различни (MFR или MFI). MFR на Поликарбонатот обично е во опсег од 3 до 80 g/10 min. Поликарбонатот е погоден како за вбризгање така и за екструзија. Поликарбонатот е погоден исто така и за екструзија со дување.Поликарбонатот

може да се произведува со многу различни својства на продуктите како: нова еколошка подобна технологија на незапалливост, отпорност на гребење, твдост, отпорност на топлина, постојаност во сите временски услови, биокомпатибилност, оптички квалитет, и исполнување на строгите барања на FDA и USP.Поликарбонатот

поседува супериорна UV стабилност и тоа може уште повеќе да се подобри со додавање на UV стабилизатори. Други адитиви можат да бидат погодни за зголемување на топлината или адитиви кои го зголемуваат ESCR (пукање под притисок во окружувањето). PC може да се полни со стаклени влакна како дополнително би се зголемила крутоста.Типични апликации за поликарбонат се:

Автомобилска индустрија: фарови, безбедносни прозори

  • Табли + профили: кровови и прозори, елементи за заштита од кражби
  • Електрика: вклучувачи, приклучувачи, мерачи, безбедност, сигурност
  • Уреди за домаќинство: сад за блендер, вратички на микробранова печка,
  • Материјали за широка потрошувачка и предмети за домаќинство: калапи за чоколадо
  • Средства за обезбeдување: сигурносни наочари и кациги
  • Медицински: куќишта за уреди за дијализа
  • Осветлување: кугли, дифузери и семафори,
  • Компактни дискови: CD-ROM, CD-за снимање, DVD
  • Compact discs: CD-ROM, CD-recordable, DVD
Ние нудиме: