PLAили Полилактична киселина е направена од декстроза (шеќер) добиена од биоматеријали. Тоа е најпопуларната биопластика или биополимер и во моментов единствено се произведува во погонот кој го снабдува цел свет.Natureworks има погон со капацитет од 130 000 тони во Блер, Небраска и произведува PLA под брендот логотип Ingeo.

PLA хемиска формула.
PLA може најдобро да се спореди со PET-A и може да се конвертира на исти линиии (дување, ISBM и термоформирање). Потојат и типови со висок MFI кој лесно може да се користи во апликации со вбризгање каде што може да се замени со полистирен (PS).
Овојбиополимер е исто така многу подобен за екструзија со влакна таму каде што може да биде замена за полипропилен (PP).
PLA може да биде биоразградлив под одредени околности. Производите од PLA (полилактична киселина) може да се компостираат во индустриски апликации каде топлината (70°C или повеќе) и влагата (min 70% RH) може да се контролираат. Материјалот е хидроскопен и во голем дел од случаите потребно е најпрво да се исуши за да може да се конвертира. Сите типови имаат сертификат за биоразградливост EN12342.
Материјалите често се користат во мешавини или компаунди за подобрување на својствата на материјалот.
Стандардите PLA типови се транспарентни и имаат висок сјај.
Типични апликации за PLA (полилактична киселина) се:
- Екструзија со влакна: вреќички за чај, облека.
- Вбризгање: кутиии за накит.
- Компаунди: со дрво, PMMA.
- Термоформирање: кутии за храна, тацни за колачи, шољи, пакувања за филтер кафе.
- Дување: шишиња за вода (негазирани), свежи сокови, козметички шишенца.