PMMA е високо транспарентен термопластичен полимер кој се добива со полимеризација на метилметакрилат мономер. Благодарение на неговата транспарентност, естетика и отпорност на гребењеPMMA може да се смета за лесна алтернатива на стакло. Понекогаш го викаат и акрилик стакло .
PMMA може да се користи како алтернатива на поликарбонатот (PC) ако се бара поголема транспарентност, отпорност на UV и/или отпорност на гребење, а својствата на голема отпорност на удар не се вклучени во апликации.
PMMA прв пат е произведен во компанијата Rohm and Haas во 1933. Најпознати PMMA брендови се Altuglas, Plexiglas и Diakon.

PMMA, полиметилметакрилат хемиска формула.
PMMA може да се добие во термопластични гранули, проектирани за вбризгување, екструзија и дување.
Главни карактеристики на PMMA се следните:
- Извонредни оптички својства
- транспарентност и сјаен финиш
- Крутост и димензионална стабилност
- Тврдост и отпорност на гребење
- Одлична отпорност на сончеви зраци (УВ-Зрачење) и стареење предизвикано од временски услови
PMMA може да се формулира и така да добие специјални особини и ефекти:
- Модификација на удар.
- Подобност за допир со храна.
- Подобен за медицинска примена.
- UV транспарентен.
- Ја подобрува хемиската отпорност.
- Отпорен на гама стерилизација.
- Мат и замаглена површина.
Горенаведените својства овозможуваат PMMA да биде пожелен полимер за широка примена во автомобилската индустрија, индустријата за осветлување, градежната, козметичката и медицинската индустрија.
Дотолку штоPMMA може да се полимеризира во сферна цврста форма (топчиња) или метакрилни топчиња.
Зависно од составот, големината, Tg и молекуларанта тежина PMMA топчињата може да се користат за различни апликации:
- Агенс за мат финиширање на термопластични компаунди.
- Агенс за згуснување во процесот на лиење метилметакрилат.
- Адитив за системи на премачкување поради декоративни елементи.