Полипропилен (PP) е изум на професорот Natta во 1954 година и најпрво комерцијално го произведувал Montedison под брендост Моплен во 1957 година. Полипропиленот (PP) е лесен за обработка, има ниска густина и релативно е ефтин во однос на останатите полимери.
Најважни производители на полипропилен се Basell, Borealis, Total, Sabic, а сега Braskem кој го превзема производството на DOW во 2011.

Хемиската формула на Полипропилен.
Полипропиленот може да се подели во три главни групи:
- Хомополимер полипропилен (hPP) типовите исполнуваат голема крутост.
- Кополимер полипропилен (cPP) типовите имаат супериорни перформанси при удар и при ниски температури.
- Рандом кополимер полипропилен (raco PP) типовите или статистичките кополимери се транспарентни.
Квалитетот на полипропилен типовите непрекинато се подобруваат од година во година и така ќе продолжат во блиска иднина. Неодамнешниот технички развој придонесе покрути, почисти и транспарентни видови и одзеде дел од пазарот на другите полимери како што се ABS и PS.
Друга карактеристика на полипропиленот е одличната хемиска отпорност на многу хемиски растворувачи, бази и киселини.
PP се користи за многу апликации, но истакната карактеристика му е способноста за производство на шарки кои се користат како затварачи и куќишта за CD/DVD.
Полипропиленот може да се преработува скоро со сите постоечки технички конверзии.
Главни апликации на полипропиленот се:
- Пакувања за храна: чаши, тацни, кутии.
- Екструзија со влакна.
- Мебел: столчиња за градина, столици.
- Куќни предмети: контејнери за складирање, кутии.
- Индустриско пакување: шишиња за детергенти, кофи и канти.
- Затнувачи и затворачи