PPS, Полифенилен Сулфид е полу-кристална пластика за инженерска примена за производи со високи перформанси, со екстремно високи механички својства (отпор на виткање, крутост и цврстина) високи температурни својства и хемиска отпорност која често го прави PPS омилена алтернатива за метали и термосет материјали.

Polyphenylene Sulfide (PPS) хемиска формулa.
PPS (Полифенилен Сулфид) обично е достапен неисполнет, со засилени стаклени влакна (30- 40%), и со засилување на стаклени влакна заедно со минерално полнење до 65%.
Клучни својства на PPS (Полипропилен сулфид):
- Постојана сервисна температура до 240°C
- Краткотрајна температурна отпорност до 270°C
- Инехерентно незапаллив
- Многу висока хемиска отпорност (нерастворлив во сите познати растворувачи под 200°C)
- Многу ниска апсорпција на вода
- Многу висока отпорност на виткање, дури и при високи температури
Тестовите на виткање го покажуваат однесувањето на материјалот под долготрајно напрегање во различни услови (на пр. при зголемени температури) и придонесуваат во изборот на најдобар материјал за делови наменети за продолжено напрегање. PPS (Полифенилен Сулфид) нуди многу висока отпорност на виткање, дури и при високи температури, и поради тоа PPS материјалот е избор за многу апликации кои имаат високи побарувања.
Полифенилен Сулфид покажува температурна отпорност која е меѓу најголемите во термопластиката. Некои засилени типови на PPS достигнуваат HDT (температура за одбивање на топлина) од 270°C.
PPS (Полифенилен Сулфид) е инхерентно незапаллив полимер. Тоа значи дека PPS постигнува рејтинг UL 94 V-0 а некои типови дури и 5 VA, дури без адитиви за незапалливост.
Најважни апликации на PPS се:
- Електрични и електронски компоненти
- Приклучоци
- Калеми
- Повеќеструки конектори
- Релеи
- Прекинувачи
- Автомобислки делови
- Пумпи
- Вентили
- Делови за довод на воздух
- Дихтунзи
- Компоненти на системи за гориво
- Компоненти за моторни алати
- Хируршки уреди
- Апликации кои се во контакт за вода на пиење (NSF и KTW сертификати на располагање)