PVDF (поливинилиден флуорид, или поливинилиден дифлуорид) е специјален термопластичен флуорополимер кој е многу инертен. PVDF се добива со полимеризација на винилиден дифлуорид.
PVDF материјалите се нудат како гранули за лесна преработка, калапење и екструзија како стандардни термопластични полимери и како фин прав за правење раствори, преработка со помошни адитиви и рото преработка.
Деловите произведени од PVDF со вбризгување или екструзија обично се користат за долгорочна манипулација со агресивни хемикалии.PVDF е хемиски отпорен на халогени (хлор, бром, флуор и јод) и силни киселини дури и на високи температури. Како облога за жици, PVDF материјалот може да се користи при работна температура до 175°C со инхерентни својства на незапалливост.

PVDF хемиска формула.
Arkema е најголем [b]PVDF светски производител. Производните погони се лоцирани во САД, Франција и Кина. Arkema произведува хомополимерни и кополимерни типови под брендот Kynar® и Kynar Flex®.
Производството на Kynar® поливинилиденфлуорид (PVDF) започна во 1965 година како би служел во апликации за манипулација на хемикалии, изолации на жици и облоги. Kynar® PVDF прерасна во материјал кој е избор за многу апликации со високи перформанси.
Kynar Flex® PVDF е комерцијализиран во 80-тите години како материјал со слични перформанси како кај Kynar® но со зголемена флексибилност за исполнување на потребите за новите апликации.
PVDF главни својства
- Лесна преработка како кај стандардните термопластични полимери
- Висока хемиска отпорност дури и при високи температури
- Инхерентна незапалливост
- Исклучителна UV и радиоактивна стабилност
- Многу слабо микробиолошко врзување
- Отпорност на абразија
Горенаведените својства овозможуваат PVDF да се користи во следните апликации: Бризгање:
- PVDF е подобен за правење на делови кои се користат во хемиската и нуклеарната индустрија, фармацевската, индустријата со храна и пијалаци, електроиндустријата и автомобилската индустрија.Цевкасти апликации:
- PVDF се користи во еднослојни и повеќеслојни конструкции во фармацевтската, индустријата со пијалаци, хемиската и индустријата со манипулација на гориво.Облоги:
- PVDF е исклучителен материјал за разни видови на облоги. Различните типови се погодни за дисперзија, растварање, и методи на премачкување со спреј. Последица се финиши подобни за архитектонски, автомобилски, индустриски, фармацевтски и полупроводнички апликации.Помош при обработка на полимери:
- Адитиви засновани наPVDF проектирани да помогнат во процесите на екструзија на термопластичните материјали. PVDF PPA може да се користат за дуван филм, лиен филм, дување, обложување жици и кабли, екструзија на цевки и туби, и процеси на екструдирани влакна.