Стирен Акрилонитрил (SAN) е кополимер стирен со акрилонитрил. Типичната содржина на акрилонитрил во состав на SAN е помеѓу 20 и 30 %. Во основа се користи во полистиренски апликации за општа примена каде се бара дополнителна хемиска отпорност и донекаде поголема отпорност на температура.

SAN хемиска формула.
Главни производители на SAN се Trinseo, Styrolution и Polimeri Europe.
Меѓу главните својства на стирен-акрилонитрил (SAN) се:
- Висока транспарентност
- Хемиска отпорност
- Висока крутост
- Голема тврдост на површина
SAN е многу транспарентен и има убав сјаен финиш. Дополнителното својство на отпорност на гребење го прави подобен за дисплеј на каси и козметички артикли.
SAN има жолта природна нијанса но може да се добие во различни варијации со сини нијанси. Исто така се на располагање и UV стабилни типови, бидејќи стандардниот SAN не е погоден за надворешна употреба.
Типични апликации на SAN (стирен-акрилонитрил) се:
- Делови за ладилници
- Прегради за полици
- Капаци за светилки
- Козметичка амбалажа
- Кујнски прибор
Ние нудиме: