Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

TPE – Термопластичен Еластомер

TPE е општ назив за Термопластичен еластомер , исто така викан и термопластична гума. TPE е гумест материјал кој може да се преработува со термопластичната технологија како бризгање, 2K или екструзија. Термопластични еластомери (TPE) се компаунди од тврди термопластични материјали како што се PP, PBT или PA во комбинација со меки гумени материјали кои често содржат адитиви односно уља и полнила.

Околу 1960 година основните термопластични материјали беа се поприсутни. Во тоа време гумените компаунди (термосет материјали) веќе беа популарни на автомобилскиот пазар, но беа скапи, тешки за производство и незгодни за рециклирање.

Со новите модни трендови (повеќе светли бои, мекост на допир итн.) се зголеми побарувачката за меки и поефтини производи и за производство со лесен материјал. Овој раст продолжи и за време на 70-тите години на XX век кога TPE почна да се произведува во поголем обем.

Денес постои широк избор на различни типови на термопластични еластомери (TPE) како на пример:

  • TPE-O - Термопластичен Олефин (ко-континуелна тврда/мека мешавина)
  • TPE-S - Стиренски SBS, SEBS или SEPS компаунд
  • TPE-V - Вулканизиран PP/EPDM компаунд
  • TPE-E - Кополиестер компаунд
  • TPE-U - Термопластичен Полиуретан
  • TPE-A - Термопластичен Полиамид

Во секојдневното тргување често се изоставува буквата “E” и луѓето говорат за TPO, TPS, TPV, TPE, TPU и TPA.

TPE-S (стиренски термопластичен еластомер).

Сите тврди/меки TPE комбинации имаат гумести својства и се разликуваат само по температурната отпорност, хемиската отпорност, флексибилност и опоравување после оптеретување (компресионен сет).

Недостатоците на TPE во споредба со конвенционалните термосет гуми прават инфериорни својства на материјалот. TPE имаат ниска отпорност на температура, хемиска отпорност и полошо враќање во облик (компесионен сет) по изложување на оптеретување.

Главните предности на термопластичните еластомери вклучуваат полесна конверзија (и пониски трошоци за електрична енергија во однос на термосети) преку конвенционални термопластични процеси односно бризгање, екструзија, термоформирање, дување и др. TPЕ може исто така лесно да се бои и да се поставува преку различни термопластики со добро лепење.

TPE производите се произведуваат од повеќе компаундери како Enplast и Ravago (Ensoft, Enflex, Sconablend), Kraiburg, Tecknor Apex, AES, Elasto, Softer со бренд називи Dryflex, Sarlink, Monprene, Santoprene и Laprene. Истотака, голем број на мали компаундери се активни во одредени региони.

Петрохемиските производители исто така се занимаваат со поединечни фамилии на TPE : DSM со Arnitel TPE-E, DuPont со Hytrel (TPE-E), Arkema со Pebax (TPA) и Dow со Engage (TPO).

Типични апликации на термопластичниот еластомер (TPE) се:

  • Меки делови од алат, пенкала, четки за заби, бричеви
  • Запечатувачи на автомобилски прозори, простирки во автомобили, капаци за водушни перничиња, капаци за табли со инструменти.
  • Обложување на кабли
  • Спортска опрема
  • Кровни мембрани
  • Играчки