Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

POP AFFINITY® Полиолефин Пластомери (POP) - Реализирајте го Вашиот потенцијал за флексибилно пакување

Производител: Dow
Тип на полимер POP

Кога станува збор за амбалажата/пакувањето купувачите бараат високи перформанси на производите, а во исто време и економични материјали и материјали лесни за преработка. AFFINITY® полиетиленските пластомери (POP) можат да ви помогнат ги задоволите овие потреби.

AFFINITY® нуди одлична адхезија при висока и ниска температура, исклучителна процесибилност и безбројни формули кои можат да бидат попривлечни за купувачите. Овие иновативни полимери во себе содржат сила на INSITE™ технологијата која дава ниска кристалност и мала молекуларна тежина како додадена вредност.

Генерални информацации

Клучни Affinity® перформанси во каст и дувани филмови се:

  • филмови за пакувања на храна кои се поефтини
  • ниска кристалност и ниска молекуларна маса
  • одлична адхезија при висока температура или при ниска температура за сигурносно пакување
  • исклучителна способност на заварување, многу силен вар/спој на топли слоеви (т.н hot tack), при ниски температури на варења на линиите за брзо пакување.
  • ненадмината процесибилност
  • ниска емисија на вкус и мирис
  • одлична оптика
  • поеластични и трајни мешавини

Типични апликации за AFFINITY® POP се филмови за пакување на храна-месо, сирење, свеж зеленчук, сува храна (на пр. крекери, кекс, овесни снегулки, мешавина за колачи итн..., потоа stand-up ќеси за која е неопходна исклучителна способност на заварување, сјајна оптика, одлична органолептика, висока стапка на размена на јаглерод и исклучителна отпорност.

Affinity® GA

AFFINITY® GA за Hot melt adhesives-Термопластични Лепила (HMA)

AFFINITY® GA Полиолефинските пластомери (POPs) опфаќаат повеќе полимери базирани на металоценската катализа и процесот (INSITE™ Technology) кои се покажаа како поуспешни во поглед на перформансите, преработката и предностите за крајните корисници, а кои пред тоа не можеа да се постигнат со EVA (Етилен-Винил Ацетат) формулацијата.

Овие полимери ви помагаат да доверливо лепите кутии и други подлоги при широк распон на температура. Можете да кажете збогум на мирисот, претворањето во гел, абење на машиини и други проблеми поврзани за бојата која сте ја имале со материјалите на база на EVA.

Ниската густина и вискозитет на AFFINITY® GA POP се клучни за постигнување на подобри својства на термопластичните лепила (HMA) како што е атрактивниот естетски изглед и агресивно поврзување помеѓу многу различни подлоги. Се применува за заварување на кутии и картони, за производство на повеќе слојни и неткаени структури, за амбалажа за храна и пијалаци.

AFFINITY® GA POP материјалите нудат добра термичка стабилност, така што траат подолго од моментот на припрема до моментот на примена и намалено им е формирањето на гел што значи помала потреба за одржување и застој. Стабилниот вискозитет допринесува постојана и лесна примена на термопластични лепила, прецизна контрола на големината на слојот и местата на наносување.

Останатите предности се:

  • Долго траење и намалување на употребата на лепила = низок трошок дури и 15% - 40%, во зависност од апликацијата.
  • Нема истегнување ниту креирање на пајажина = подобар изглед на амбалажата, намалени трошоци за изработка, намалено време на застој, намалена количина на отпад.
  • Помалку боја = подобар изглед на амбалажата.
  • Слабо формирање на гел и јагленизација = мало одржување и покрај почистите филтери и дизни = намалено време на застој.
  • Голема механичка сила (Tack) = голема брзина на линија и намалена количина на отпад.
  • Брзо подесување за време на циклусот на компресија = голема брзина на линија и намалена количина на отпад.
  • Голема сила на поврзување = подобар интегритет на амбалажа (тест на кинење на влакна).
  • Стабилен вискозитет = одличната контрола на вискозитет има за резултат прецизна контрола на големината на слојот и местото на наносување.
  • Добра сила на поврзување при различни температура = подобра амбалажа (тест на кинење на влакна како функција на температура, (SAFT и PAFT тестови).
  • Адхезија на голем број на подлоги = флексибилност, намалување на количина на отпадот, намалени трошоци.
  • Намалувањето на мирисот придонесува до еколошки погодно работно место, чиста преработка и намалено абење на опремата, како и намалено време на застој.

Моментално постојат два расположливи типа: AFFINITY® GA 1950 - проектирани за сите стандардни температури кои се применуваат (175°C) и апликации отпорни на висока температура, AFFINITY® GA 1900 - проектирана за ниски температури на примена на термопластични лепила (LATHM 120°C -135°C).

Ве молиме исто така да ги разгледате нашите понуди INFUSE® (OBC) на производи за формули за лепила осетливи на притисок (PSA).

Преглед на податоци

Се вчитува, ве молиме почекајте