Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

PA6 AKULON® ULTRAFLOW®

Производител: DSM
Тип на полимер PA 6

Akulon® Ultraflow® нуди подобра течливост, брзо циклично однесување, и одличен површински изглед.

Akulon® Ultraflow® е PA6 кој полесно се преработува и нуди до 80% подобра флуидност и до 40% намалено време на циклусот на бризгање без значајни последици по механичките својства во споредба со стандардните типови PA6.

Општи информации

Подобрувањето на течливоста е резултат на сопствената технологија на DSM Engineering Plastics’ која носи важна предност за купувачите како што е зголемување на профитабилноста низ пониски трошоци со помош на:

  • Пократко време на циклус, што за резултат има ниски производни трошоци
  • Употреба на тенки ѕидови што овозможува употреба на помалку материјал
  • Зголемување на бројот на шуплини за наливање што доведуваат до ниски трошоци на производство
  • Бризгање делови во алатите на полесни машини, што резултура со зголемување на производната флексибилност

Други предности на материјалот Akulon® Ultraflow® се:

  • Подобар површински изглед, што елиминира потреба за боење,
  • Поголема слобода во проектирање (помалку дебели ѕидови за делови со подолг тек на материјали)
  • Подобар опсег за замена на метали
  • Решава проблеми благодарение на малите внатрешни притисоци на лиење и намалување на изобличување

Портфолио

Портфолио на Akulon® Ultraflow®

  • Засилени со стаклени влакна, подобрување на продуктивноста: 30%-40% GF исто така топлотно стабилизиран
  • Типови за замена на метали: 50%-60% GF исто така топлотно стабилизирани
  • Хибриди засилени со стаклени влакна 30%-40% засилени Незаппаливи V-0, халогенски базирани
  • Flame retardant V-0, halogen based

Преглед на податоци

Се вчитува, ве молиме почекајте