Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

PA6 AKULON®

Производител: DSM
Тип на полимер PA 6

Akulon полиамидните материјали даваат најголема вредност помеѓу материјалите за инжинерска примена.

За вбризгани делови, нудат одлична рамнотежа помеѓу лесното проектирање и преработка со извонредни механички својства со широк распон на температура и во различни работни опкружувања.

Во екструзија, тврдост, отпорност и преработката на Akulon® поставува стандарди на пазарот.

Генерални информации

Akulon® PA6 придобивки:

  • Висока крутост и сила при зголемени температури
  • Тврдост при ниски температури
  • Одлична отпорност на топлотното напрегање на материјалите
  • Многу добра отпорност на абразија и абење
  • Хемиска отпорност
  • Одличен површински изглед, поготово во полнети и посилни верзии, во споредба со PA66
  • Одлична сила на вар после ултразвучно варење

PA6 Akulon® механички својства

Akulon® полиамидите претставуваат сестрани профили со заокружени својства во споредба со секоја пластика за инженерска намена. Тоа е идеален материјал за апликации со високи перформанси. Цврстината и високата температура го прават погоден за автомобилска, електрична и машински апликации со високи барања.

Голема крутост и сила

При зголемени температури над 100°C Akulon® содржи добра крутост и сила. Иако крутоста на Akulon® остро опаѓа околу температурата на остаклување (Tg), исклучителната крутост и понатаму задржува на ниво точно под точката на топење на полимери, што го олеснува проектирањето на критичните делови.

Крутост наспроти HDT на материјалите PA6 или PA66

За секој тип на материјал (неполнет, полнет со минерали или стакла) перформансите на овие два полимери покажуваат мали или незабележителни разлики се до HDT ниво PA6. Кога доаѓа до краткорочно изложување на температури кои се над 200°C, треба да се користи PA66. Во други случаи PA6 е подобра и поекономична опција поради подобрата долгорочна отпорност на температура, поголема сила на вар и поголем притисок на пукање по ултразвучно завараување, неговиот многу подобар површински изглед и други предности во преработката.

Деформација

Akulon® нуди супериорна отпорност на деформации на посилни типови, дури и при зголемени температури. Го задржува димензионалниот интегритет на деловите дури и под големи оптеретувања.

Тврдост

Akulon® нуди исклучителна надворешна отпорност, дури и при нулта влажност, на удар и шок, се до температура од -20°C (-4°F). Поради тоа полиамидите се по пожелни од сите други видови пластика за инженеринг. При многу ниски температури (-40°C или -40°F), модусите на кршење стануваат крути и деловите можат да се скршат под удар. Поради тоа за безбедносно критичните примени на располагање се типови модифицирани на удар во фамилијата производи Akulon® кои нудат дуктилна отпорност и отпорност на лом, се до екстремно ниски температури. •

Високо истегнување при кршење

Akulon® може да биде проектиран така да има еластични шарки и снап-фит споеви така што може да се сместат влошки по обликување со значително намален ризик од пукање.

Замор

Засилените стаклени влакна Akulon® покажуваат супериорна отпорност на замор на материјалите и трпат динамични услови на оптеретување и вибрации подобри од другите видови на пластика за инженеринг.

Асортиман

Akulon® полиамид 6 портфолио

Akulon® портфолиото ги покрива сите можни примени на типови прикладни за сите технички преработки, екструзија, бризгање и дување.

Поединечните понуди на типови и кодови за сите типови на производи можат да варираат од регион до регион. Проверете во базата на податоци кои точно производи се расположливи и опишани согласно Вашите потреби. Користете го полето за пребарување на брзи податоци и само внесете го зборот Akulon® во полето за името на производот.

Akulon® PA6 асортиман за екструзија

  • Филмски типови
  • Akulon® XP модифициран реолошки коекструзионен тип
  • Типови со висок вискозитет за полупроизводи и облици за понатамошна преработка
  • Типови со среден вискозитет за изработка на цевки и монофиламенти

Станадардниот Akulon® PA6 асортиман за бризгање

  • Бризгање без полнила
    • Нуклеирани
    • Нуклеирани и топлотно стабилизирани
    • Модифицирани на удар; тврди типови проектирани специјално за примена на ниски температури
    • Типови со голема молекулска тежина за примена отпорни на абење
  • Стаклени посилни типови за вбризгање
    • Стандардни полнети со стакло: 30-50% GF
    • Топлотно стабилизиран т.н за примена во автомобилска индустрија: 30-40%
    • Модифициран на удар за тврдост и ниска температура: 15-40% GF
    • UV стабилизиран: 30% GF
    • Типови за висок притисок на распрскување / сила на вар: 30% GF топлотно стабилизиран
  • Минерално засилени за подобра димензионална стабилност кај вбризгувањето
    • 30% минерални, топлотно стабилизиран
    • Минерални/стаклени хибриди за севкупна стабилност и сила: 30-40% полнети

Асортиман на Akulon® за дување

  • Неполнети, топлотно стабилизирани
  • Засилени со стакло: 15-20% GF

Асортиман на Незапалливи PA6 Akulon®

  • Неполнети типови без халогени
  • Типови Подобрени со стакло без халогени, за жарлива жица
  • Типови Полнети со минерали, без халогени, за жарлива жица со халогени

Преглед на податоци

Се вчитува, ве молиме почекајте