Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

ALTUGLAS® PMMA

Производител: Trinseo
Тип на полимер PMMA

Кога треба да се задоволи потреба за делови со добар изглед, прецизни и тврди, ќе пронајдете идеална комбинација на перформанси и вредности во фамилијата на акрилни термопластични материјали Altuglas®, тие даваат одлична оптичка јасност, непремостлива отпорност на атмосферски прилики, и флексибилност при проектирање.

Овие материјали можат да се добијат во многу типови и бои така што би ги задоволиле вашите конкретни апликации.

Општи информации

Altuglas® PMMA Пол (метил метакрилат) е транспарентна термопластика, која често се користи како лесна или отпорна на лом алтернатива на стакло. Понекогаш се нарекува и акрилно стакло.

Портофилиото на Altuglas® нуди широк избор на PMMA смола проектирана за бризгање, екструзија и дување.

Генералните особини на Altuglas® PMMA се следните:

  • Највисока транспарентност и сјај од сите пластики
  • Механички својства
  • Крутост и димензионална стабилност
  • Површински својства
  • Тврдост и најголема отпорност на гребење од сите пластики
  • Отпорност на стареење
  • Одлична отпорност на атмосферски влијанија, УВ зрачење и стареење

Покрај тоа, асортиманот на материјали на Altuglas® нудат специјални својства:

  • Отпорност на удар
  • Отпорност на гама стерилизација
  • Подобност за допир со храна
  • Подобност за медицинска примена
  • Ултравиолетово филтрирање
  • Хемиска отпорност

Главни апликации на Аltuglas® се:

  • Транспортна и автомобилска индустрија: светилки, дефлектори, плоча со инструменти, регистарски таблици, рефлектори, семафори, и.т.н.
  • Градежна индустрија: екструдирани плочи за градба, обложување, заштита и стакленици, коекструдирани преку ABS или PVC плочи за каравани, рамки за прозори, и.т.н.
  • Осветлување: светлосни филтери, кугли, дифузери, и.т.н.
  • Куќни апарати и опрема во домаќинство: чинии, длбоки чинии, чаши и.т.н.
  • Медицинска примена: in-vitro дијагностика, т.н епрувети за крв
  • На овој список може да се додадат многу специјални примени, на пр. ДВД дискови, дисплеј за мобилни телефони, леќи, потпетици, витрини, фиоки...

Асортиман

Altuglas® акрилни материјали – Стандардни Типови

Исклучителна оптичка јасност со отпорност на оштетување и дисколоризација покрај ултравиолетовото зрачење го прават акрилниот материјал Altuglas® со индустриски стнадард. Овие материјали се користат за автомобилски светилки, приклучоци за светла, куќни апарати, диспеј за мобилни телефони, плочи кои пропуштаат светло и.т.н.

Altuglas® Преглед на стандардни типови
Продукт Својства
Altuglas® VM Добра флуидност
Altuglas® V 920T Висока отпорност на температура со подобри својства на проточност
Altuglas® V 825T Висока температурна отпорност со добри проточни својства
Altuglas® V 046 Екструзионен тип со висока топлотна отпорност

Altuglas® Акрилен материјал – Типови отпорни на удар

Материјалите од HFI серијата Altuglas® DR, Altuglas® MI и Altuglas® нудат отпорност на удар 2 до 15 пати поголема отколку стандардните акрилци, заедно со одличните оптички особини.

Асортиманот на Altuglas® HFI проектиран е со супериорни својства на проток и ослободување на растоп, во намален временски циклус. Покрај тоа, асортиманот на HFI е достапен и во типовите отпорни на стерилизација на гама зраци.

Преглед на Altuglas® типови отпорни на удар
Продукт Својства
Altuglas® MI-4T Тип средно модификуван за отпорност на удар
Altuglas® MI-7T Тип модификуван за отпорност на удар
Altuglas® DRT Високо модификуван PMMA за отпорност на удар
Altuglas® HFI-7 Тип модификуван за отпорност на удар за подобрување на флуидноста
Altuglas® HFI-10 PMMA високо модификуван за отпорност на удар со докажана течливост
Altuglas® HFI-15 Супер модификуван тип за отпорност на удар

Altuglas® Акрилен материјал - Специјални типови

Altuglas International разви широкa понуда на транспарентни и обоени акрилни материјали за специјални намени, како би одговорил на се поголемата побарувчка и сложените аплиакции.

Подобри технички спецификации:

  • Подобрени механички својства
  • Подобрени термички особини
  • Поголема отпорност на хемикалии и гама зрачење
  • Поголема тврдост на површините
  • Отпорност на гребење
  • Транспарентни на УВ
  • Сјаен и непрозирен изглед
  • Обоени и површини со текстура
Преглед на типови за специјални намени на Altuglas®
Производ Својства
Altuglas® VML Висока флуидност и преработка
Altuglas® VS-UVT UV транспарентен тип
Altuglas® HT 121 Поголема отпорност на температура и тврдост на површини (против-гребење)
Altuglas® V 825-HID Отпорност на извори на струјни празнења со висок интензитет
Altuglas® UVP Типови кои нудат заштита од УВ Зрачење
Altuglas® HCR-3 Одлична хемиска отпорност
Altuglas® CR-8 Многу добра хемиска отпорност и отпорност на удар
Altuglas® CR-12 Високо модификуван тип за отпорност на удар и добра хемиска отпорност
Altuglas® SG-7 Отпорност на гама радијација
Altuglas® Opaque Сјајно пакување
Altuglas® Matt Уникатна мат појава
Altuglas® Frosted Уникатна замрзната појава
Altuglas® Granite Изглед на природен камен
Solarkote® A Супериорна заштита од УВ зрачење и отпорност на атмосферски влијанија, адхезија за ABS
Solarkote® H Супериорна заштита од УВ зрачење и адхезија за HIPS
Solarkote® P заштита од УВ зрачење и адхезија до PVC

Преглед на податоци

Се вчитува, ве молиме почекајте