Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

ARNITE® PBT и PET

Производител: DSM
Тип на полимер PBT, PET

Arnite® (PBT, PET, и мешавините) се пластични материјали за инженерска пластика со високи перформанси, кои се комбинација на голема сила и крутост со одлични карактеристики на преработка.

Како резултат на тоа, Arnite® PBT и PET се материјали подобни за широк опсег на примена во автомобилската, индустријата на електрични уреди и електроника, апарати за домаќинство и индустриска опрема.

Општи информации

Клучни особини на материјалот Arnite® PBT и PET:

  • Екстремно ниска апсорпција на вода
    • Исклучителна димензионална стабилност
    • Голема сила и крутост, исто така и во амбиентални услови
  • Многу добра отпорност на топлина и топлотно стареење
  • Одлични електрични својства
  • Одлична стабилност на бои
  • Добар површински сјај
  • Одлична отпорност на хемиски напад
  • Одлични својства за абење

Механички својства

Arnite® PBT смесите имаат механички својства во споредба со особините на смесата PA6 во сува состојба. Меѓутоа, по климатизација на амбиентални услови Arnite® PBT ја задржува цврстината, додека крутоста на PA6 е многу намалена во поглед на впивањето на вода.

Димензионална стабилност

Arnite® PBT и PET мешавините имаат мала способност за апсорпција на влага, поради кои се идеални за делови наменети за голема димензионална прецизност низ животниот век. PBT мешавините апсорбираат помалку од 0.5% вода во периодот од неколку илјади часа во амбиентални услови.

Долгорочни својства

Полиестерите имаат одлична термичка и оксидациона стабилност при високи температури. UL RTI списокот на температура за константно користење наведува вонглавно распон од 130-140°C за повеќето типови. За PET дури и вредности од 150°C можат да се најдат за RTI за електрични апликации.

Покрај тоа, на располагање се и специјалните типови стабилизирани на UV зрачење, со одлична отпорност на надворешни услови и атмосферски влијанија.

Електрични својства

Arnite® термопластичните полиестери имаат одлични електрични својства, дури и на повисоки температури. Генерално диелектричната сила може да биде поголема отклолку кај полиамидите. Индексот на пратење на CTI е > 600 V за неполнети не-FR типови, и генерално > 400 V за типови засилени со стаклени влакна. Дури и кај незапалливите типови, можат да се добијат CTI вредности над 400 V. Полиестерите одлично задржуваат електрични својства, дури и при високи температури во влажни услови.

Апликации

Клучни апликации на PBT и PET Arnite®

Автомобилски апликации

Arnite® успешно се користи во многу апликации во автомобилската индустрија. Компаундите Arnite® во овој момент се применуваат во следните апликации.

  • Капаци за електромотор
  • Куќишта за менувачи
  • Кутии за осигурувачи и релеи
  • Сензори
  • Тела и носачи на рефлектори и фарови
  • Конектори
  • Калеми за палење

Електрични и електронски апликации

Во индустријата на елекрични и електронски уреди (E/E) Arnite® е успешно применуван, помеѓу другото, и во следните апликации и на крајните пазари:

  • Осветлување
  • Конектори
  • Прекинувачи
  • Струјни уреди
  • Куќишта за кондензатори
  • Калеми и релеи

Асортиман

Arnite® PET Асортиман
Засилени (стаклени влакна)020%30-35%50%
Основен асортиман
Екструзија A06 101      
  A06 700      
Не-FR, бризгање A04 900   AV2 372 AV2 390
      AV2 370 /B  
Незапаллив (V-0 на 1.5 mm)     AV2 360 S  
FR (V-0 на 0.4 mm)     AV2 365 SN  
Подобрени типови
Строга дименизионална толеранција     AV2 370 XT AV2 390 XT
Ниска емисија на гасови   AV2 340 XL AV2 370 XL AV2 390 XL
Екструзија (многу висок вискозитет) A08 100      
Arnite® PBT Асортиман
Засилен (стаклени влакна)020%30%50%
Стандардни типови
НЕ-Fr, бризгање T06 202 TV4 240 TV4 261 TV4 290
Незапалливи (V-0 на 1.5 mm)   TV4 240 S TV4 260 S  
Незапалливи (V-0 на 0.8 mm) T06 200 SNF   TV4 261 SF  
Незапалливи (V-0 на 0.4 mm)     TV4 260 SXF  
Специјални типови
Типови со повисок вискозитет T08 200 TV6 240 TV8 260  
Висок сјај / Ниско деформирање   TV4 441 TV4 461 TV4 491
UV стабилен     TV4 461 KL  

Преглед на податоци

Се вчитува, ве молиме почекајте