Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

Arnitel® TPE-E

Производител: DSM
Тип на полимер TPE-E, TPC

Arnitel® TPE-E е фамилија на еластомери со термопластична кополиестерска база (TPE-E или COPE).

Овие кополиестери ја комбинираат силата и особината во преработката на инженерска пластика со перформанси на термосет и еластомери што придонесуваат добивка во преработката и продуктивноста.

Општи Информации

Arnitel® гуми, како термопластика, не изискува вулканизација како би постигнaла оптимални својства, што често доведува до значително намалување на трошоците за производство на делови.

Arnitel® TPE-E својства

Во споредба со другите еластомери, материјалите на база на полиестер нудат најдоследни перформанси во целиот температурен оперативен опсег бидејќи својствата малку им варираат во распон од екстремно ниски до екстремно високи температури.

Примарните својства се:

  • Одлична издржливост на замор при виткање
  • Голема отпорност на високи температури
  • Голема сила на удар
  • Голема отпорност на абење
  • Добра отпорност на хемикалии и атмосферски влијанија
  • Голем капацитет на оптеретување
  • Одлична адхезија за преобликување (ABS/PBT/PC/метали)
  • Одлична сила при широк распон на температура
  • Одлични динамични својства на пр. на деформации и замор
  • Исклучителна отпорност на хемикалии, масла и масти
  • Голем степен на сестраност во преработката и лесно боење
  • Добри својства на електроизолација
  • Ниска апсорпција на влага, одлична димензионална стабилност

Типични Arnitel® апликации:

  • Автомобилска: водови за воздух, лежишта за склопки за константна брзина (CVJ), покривки за воздушни перничиња, затварачи
  • Општа индустрија: транспортни траки, спортски патики, 2K лиење, заптивки, пружини за кревети, славини за вино, висечки столици, подлошки за шини, и тампони
  • Примена во екструзија: Кабли и жици, цевки и црева, мембрани за изолација на кровни контрукции, пропустливи мембрани.

Асортиман

Arnitel® TPE-E се нуди во опсег на различна тврдост, на база три различни типа на мек сегмент:

  • Arnitel® E = Мек полиестерски блок за општа намена
  • Arnitel® P = Мек полиестерски блок за специјална намена
  • Arnitel® U = Мек полиестерски блок за специјална намена

Покрај тоа, дојде и до развој на типови наменети за различни примени:

  • Arnitel® XG: Решение без халогени за жици и кабли
  • Arnitel® C: Ги исполнува сите барања за класи D на кабли
  • Arnitel® VT: Гасно пропустлив филм за кровни конструкции

Преглед на податоци

Се вчитува, ве молиме почекајте