Поликарбонатот CALIBRE™ е аморфна инженерска термопластика која се карактеризира со високо ниво на механички, оптички, електрични и термички својства.
Портфолиото на CALIBRE™ обезбедува голема разновидност во проектирањето преку широк спектар на вискозитет и опциите за производи.
Општи информации
Сопствениот процес на производство на Trinseo им дава на поликарбонатите CALIBRE™ многу висока еластичност и цврстина во широк опсег на температури. Ова им овозможува на деловите од поликарбонатите CALIBRE™ да ја одржат својата отпорност на удар при многу ниски температури и да останат димензионално стабилни на многу високи температури.
Карактеристичниот материјал CALIBRE™ нуди:
- Висока транспарентност
- Екстремна цврстина
- Ниско униформно собирање
- Димензионална стабилност
- Доследна обработливост
- УВ стабилност
- Огоноотпорен на пламен
- Отпорност на топлина
- Широк опсег на расположливи бои
CALIBRE™ материјалите се произведени по порачка за голем број на процеси на преработка, вклучително бризгување, екструзија, дување, прерабаботка на пени. Типовите со висок индекс на течење се на располагање и се најдобри решенија на апликации со тенки ѕидови и апликации со големи димензии.
Типични апликации на материјалот CALIBRE™ се:
- Градење и градежништво - обложување
- Оптички леќи, леќи за сонце
- ДВД-а
- Компоненти за здравствена заштита
- Шишиња за вода
- Мобилни телефони
- Куќишта за електронска опрема
- Електрични уреди
- Осветлување
CALIBRE™ поликарбонатите од Trinseo нудат одлична комбинација на јасност, отпорност на топлина и отпорност на удар. Специјалните материјали се достапни за специфични барања за подобрени перформанси, вклучувајќи боја, отпорност на палење, УВ стабилност, и подобро ослободување од одливките. CALIBRE™ поликарбонатите се погодни за боење.
Асортиман
СЕРИИ | MFI РАНГ | СВОЈСТВА |
---|---|---|
(300°C/1.3 Kg) | ||
CALIBRE™ 200 | 5… 22 | Општа намена, контакт со храна |
CALIBRE™ 300 | 5… 22 | Општа намена |
CALIBRE™ 300EP | 22 + 31 | Општа намена, подобрени својства на проточност |
CALIBRE™ 300-58LT | 58 | Висок пренос на светлина, висока флуидност |
CALIBRE™ 503 | 5 | Голема отпорност на топење, за екструзија |
CALIBRE™ 603 | 3 + 6 | Разгранета, за екструзија |
CALIBRE™ 2060 | 10 | Медицински за стерилизација на пареа и етилен оксид |
Преглед на податоци
Се вчитува, ве молиме почекајте