Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

Braskem,е Бразилска петрохемиска компанија, најголем производител на полимери на американскиот континент, со присуство во Бразил и Мексико а се позастапена и во САД. Неодамнешните превземања и грин-филд проекти го зголемија вкупното производство на полимери повеќе од 7 милиони тони, каде вонглавно доминираат PE (LD, LLD, EVA), PP, и PVC.

51% На Braskem е во сопствеништво на фамилијата Odebrecht додека 49% припаѓа на Petrobras, бразилски државен производтел на нафта, што обезбедува добро снабдување на суровините.

После купување на фабриката на компанијата Sunoco PP во САД, Braskem стана сопственик над полипропиленската компанија DOW во САД во 2011 година. На овој начин станаа застапени и на европскиот континент.

Braskem води 35 производни погоди во Бразил, САД и Германија со вкупен капацитет од преку 16 милиони тони на производи, и тоа го правиBraskemголем глобален играч на полето на полипропиленот, полиетиленот, PVC и хемиските продукти. Braskem запослува околу 7,500 луѓе а годишниот приход му е околу 24 милијарди долари.

Биопластика

Braskem е првата компанија која започна со производство на материјалот BIO- PE во светски размери. Овој материјал се прави од шеќерна трска. Материјалот се однесува како нормалниот HDPE но е направен од обновлив извор. Во 2014 година, Braskemисто така започна да произведува и BIO-PP, добиен од обновливиот извор.

Самоодржливоста и глобалното присуство се високо на листата на плановите на Braskem и во иднина се очекуваат нови инвестиции.