DSM (Royal DSM) е основана во 1902 година. Денес DSM е хемиска компанија која прави обрт од 9 милијарди евра и е специјализирана за повеќе производи.DSM е активна ширум светот со повеќе од 200 локации (погони, лаборатории за истражување и равој, претставништва) со седиште лоцирано во Холандија.
DSM креира иновативни производи во сферата на науката за животот и науката за материјалите, со која допринесува за подобар квалитет на живот.
Активностите на DSM се делат на 4 деловни единици:
- Прехрана
- Фармација
- Полимерски посредници
- Полимери со високи перформанси
DSM Engineering Plastics е деловна единица за полимери со високи перформанси.
DSM Engineering Plastics е потполно интегриран производител на полимери со долг историјат и големо искуство на пазарот на компаунди. Ова за резултат има брзо, флексибилно и насочено тргување кон купувачите и снабдување на пазарот со асортиман на материјали кои се добро прилагодени на потребите на различни индустрии и апликации.
Денешниот асортиман на DSM Engineering Polymers вклучува некои водечки брендови во индустријата на полимери како што се:
- Akulon® - Полиамид 6 и Полиамид 6.6
- Stanyl® - Полиамид 4.6
- ForTii™ - PPA Полиамид 4T
- ForTii™ Ace - PPA екстремно висок ароматичен полиамид 4T
- Ecopaxx® - Полиамид 4.10
- Arnite® - PBT и PET
- Arnitel® - еластомер заснован на Термопластичен полиестер (TPE-E)
- Xytron™ – PPS
DSM Engineering Plastics има цврста стратегија во поглед на самоодржливоста така што ги применува следните 4 елементи:
- Низок или неутрален траг на јаглерод во материјалите и апликациите како намалување на тежина
- Био-базирани полимери способни за добри перформанси во критични технички компоненти како што е Ecopaxx®
- Намалување/Елиминација на ризични супстанци како халогени
- Рециклажа со крајна цел на изнаоѓање решенија за потполно враќање во првобитна состојба