SIPCHEM`s company IPC (International Polymers Company) произведува EVA продукти во својата нова фабрика во Ал-Џубаилу (Саудиска Арабија). Лиценцата е од компанијата ExxonMobil за производство на голем број различни тубулар EVA продукти за филмови наменети за амбалажа, пена, за жици и кабли, како и за друга примена.
RESINEX ширум Европа нуди типови од 4.5 до 22% VA Sipchem EVA како составен дел од својот структурен продажен пристап на пазарните сегменти.
Основана во 1999 година, Saudi International Petrochemical Company (Sipchem) произведува и продава метанол, бутанедиол, тетрахидрофуран, оцетна киселина, винил ацетат мономер, како и јаглен моноксид во своите различни производствени постројки.
Sipchem котира на Саудиската берза на хартии од вредност уште од 2006 година. Sipchem ги опслужува своите купувачи во градежната, автомобилската, фармацевтската индустрија како и во индустријата за растворувачи, електроника, полимери и заштитни премази и со тоа допринесува за поквалитетен живот на луѓето ширум светот.
По успехот постигнат во изминатата деценија, Sipchem продолжува со својот напредок така што започнува неколку проекти за преработка со цел производство на EVA (Етилен Винил Ацетат), LDPE (Полиетилен со ниска густина), Етил Ацетат, Бутил Ацетат, полиетилен подобен за вкрстување на полуспроводнички материјали, почнувајќи од 2014 година.