PBT, Полибутилен Терефталат , припаѓа на фамилијата на полиестер термопластика. PBT е полу-кристален полимер кој се користи вонглавно за бризгање во инженерски апликации. Полибутилен терефталат (PBT) се произведува со поликондензација на терефтална киселина или диметил терефталат со 1,4-бутанедиол.
Полибутилен Терефталат (PBT) хемиска формула.
Познати брендови наPBT се Celanex®, Arnite®, Valox®, Ultradur®, Crastin® и Sicoter®.
Клучни својства на Полибутилен Терефталат се:
- Голема сила
- Висока и постојана сервисна температура (до 150°C)
- Многу добра отпорност, дури и на повисоки температури
- Висока крутост и тврдост
- Добри својства на триење и отпорност на абразија
- Висока димензионална стабилност
- Добра издржливост на временски услови
- Нема пукање под напрегнатост од околината
Дополнително, отпорните на пламен типови наПолибутилен Терефталат (PBT) на располагање се во постигнување UL94 V-0, и во некои случаи дури и 5 V-А рејтинг.
PBT е достапен со различни вискозитети на топење и подобен е за вбризгување и екструзија. Некои типови на Полибутилен Терефталат (PBT) брзо се кристализираат што овозможува брзи циклуси.
PBT е специјално наменет за примена во инженеринг кој бара голема димензионална стабилност бидејќи Полибутиленот Терефталат слабо се шири на топлина, и слабо впива вода.
Типичната примена на PBT (Полибутилен Терефталат) е во:
- Електрични и електронски делови
- Конектори
- Приклучоци
- Калеми
- Дистрибутивен уред за низок напон
- Арматура за ламби
- Прекинувачи
- Автомобилска индустрија
- Делови на системот за палење
- Компоненти на Електричен систем
- Сензори
- Друго
- Апарати за домаќинство
- Рачки и основи
- Моторно куќиште и изолација