PC/ABS (Поликарбонат/Акрилонитил Бутадиен Стирен) е мешавина на PC и ABS кој дава единствена комбинација на висока преработка на ABS со одлични механички својства и отпорност на удар и топлина на PC.
PC/ABS мешана структура.
Урамнотежените својства наPC/ABS го контролираат односот помеѓу PC и ABS во мешавина, поликарбонатната молекуларна тежина и пакетот на адитиви. Односот помеѓу поликарбонат и акрилонитрил-бутадиен-стирен вонглавно влијае на отпорноста на топлина на финалниот производ. PC/ABS мешавината прават синергетски ефект чиј резултат е одлична отпорност на удар при ниски температури, подобар од отпорност на удар кај ABS или PC.
Најпознати PC/ABS брендови се Pulse®, Bayblend® и Cycoloy®.
Главни својства на PC/ABS се:
- Голема сила на удар дури и при ниски температури
- Отпорност на топлина
- Голема крутост
- Лесна преработка
- Ниско севкупно собирање и голема димензионална прецизност
- Може да се бои и печати
PC/ABS материјалите се вклопуваат во апликации кои бараат висока температура и топлотна дисторзија (95-125°C) и добра тврдост. Имаат одлична тврдост при ниски температури, и следствено на тоа, идеални се за прозиводи кои се изложени на широк опсег на температура.
Типична примена на PC/ABS:
- Автомобилска индустрија
- Средна конзола
- Касети
- Долна табла со инструменти
- Столбови
- Штитник за колено
- Конзола над глава
- Наслони на седишта добиени со дување
- Структурни компоненти
- Електроника
- Рамки за телевизори
- Куќишта за лап топ и монитори
- Преносни рачни уреди
- LCD панели
- Тастатури
- Адаптери и полначи
- Куќишта за мобилни телефони