Resinex website uses cookies and similar technologies to better understand which products are of your interest so we can personally provide you with more detailed information. By using Resinex website you agree to our use of cookies. Learn more about cookies and how to manage them

LLDPE DOWLEX®

Производител: Dow
Тип на полимер LLD PE

DOWLEX® Линеарен полиетилен со ниска густина (LLDPE) обезбедува подобри перформанси и можност за преработка, има широка примена во апликациите за дување и cast film, повеќеслојни, double bouble, обложување со екструзија, обликување со бризгување, цевки и roto moulding.

Покрај тоа, тие станаа избор на материјали за цевки за топла и ладна вода, подни цевки за греење (PE-RТ), мембрани и друга трајни производи.

Општи информации

DOWLEX® беше голема новина во индустријата за пластика. По воведувањето во САД во 1978 година, продажбата започна во 1980 година и во Европа. Првата европска фабрика започна со работа во 1982 година во Тернеузен / Холандија. Во текот на 1980-тите години, динамиката и успехот на пазарите беа толку големи што до денес се основаа уште два други погони во Шкопау / Германија и Тарагона / Шпанија.

Во меѓувреме DOWLEX® полиетиленот е еден од водечките производи на LLDPE во Европа и во други индустрии, успешно користени и во индустриски, прехрамбени и медицински амбалажи. Но, исто така се користат за хигиенски апликации, производи за широка потрошувачка и млечни производи, како и за цевки за подно греење и за вода за пиење (DOWLEX® 2344, DOWLEX® 2377, DOWLEX® 2388).

За купувачите кои имаат потреба од повеќе

  • тврдост,
  • отпорност на пробивање,
  • отпорност на удар при пад
  • добра отпорност на кинење,

DOWLEX® Полиетиленските материјали од компанијата Dow Chemical (Dow) кои се дистрибуирани од групацијата RESINEX низ цела Европа, ги нудат овие особини и многу, многу повеќе од тоа.

DOWLEX® LLDPE материјалите често се користат во

  • дуван филм,
  • каст филм, за stretch folia за апликации за пакување на товари на палети кои имаат остри агли и неправилни форми и
  • stretch hood филм за пакување на палети (цемент, цигли, гранулатати итн.).

Нивната комбинација на цврстина, лесна обработка и можност за намалување на потрошувачката е идеална за потрошувачката на материјал за филмските апликации во индустријата и производи за широка потрошувачка за кои пак е потребна поголема цврстина и отпорност на пробивање.

Отпорноста на удар, јачината на топло лепење/на вар, сјајот, перформансите и можностите за намалување на дебелината на филмот на производните линии овие PE материјали со ниска густина C8 октан и C6 хексан обезбедуваат вистинска предност во апликациите за храна и специјално пакување, филм за ламинирање, и на пр. во филм за замрзната храна. За хигиенските филмови, материјалите PE DOWLEX® се користат како материјали по избор, а во земјоделските филмски апликации како што се филмови за пакување на силажа и филмот за прекривка, материјалите DOWLEX® PE поставија многу нови стандарди во перформансите.

RESINEX и DOW нудат решенија на пазарот на филмови наменети за техничка, прехранбена и специјална амбалажа со супериорна можност за понуда на техничка услуга.

Без оглед на видот и големината на апликацијата, значајното партнерство на RESINEX и DOW а и Вие како купувач, ќе Ви обезбедат најекономични, најодржливи, најпрофитабилни и најефикасни решенија во вашата земја, на вашиот пазар и за вашата апликација.

Преглед на податоци

Се вчитува, ве молиме почекајте