Автомобилска Индустрија
Resinex Групацијата има посветен тим на професионалци кои соработуваат со ОЕМ (original equipment manufacturer) производителите, Tiers производителите како и со компанииите кои развиваат проекти и калапи за автомобилската индустрија.
Resinex е партнер на кој компаниите од автомобилската индустрија му даваат предност благодарение на нашата техничка стручност, доверливата логистичка услуга и широкиот асортиман на типови на полимери кои се применуваат во автомобилската индустрија.
Тимот на Resinex може да одговори на многу денешни предизвици во автомобилската индустрија како што се:
- Производство на побезбедни возила
- Специфични побарувања на купувачите
- Строги стандарди и прописи
- Потреба за поекономични решенија
- Намалување на емисиите на CO2
Во широкото портфолио на Resinex можеме посебно да укажеме на следните полимери кои се користат во автомобилските апликации:
- Inspire™ PP компаунди
- Velvex™ PP компаунди
- Magnum™ ABS
- Pulse™ PC/ABS
- Scolefin® PP компаунди
- Mablex® PC/ABS индустриски квалитет
- Компаунди со индустриски квалитет Mafill® PP
- Ravamid® PA6 и PA66 индустриски квалитет
- Technyl® PA6 и PA66
- Hostaform® POM (можно е во некои земји да не може да се набави преку Resinex)
- Celstran® long fibre компаунди (можно е во некои земји да не може да се набави преку Resinex)
- Akulon® PA6
Краток преглед на одбрани полимери:
полипропилени полнети со талк, како INSPIRE™ TF1500 ESU и TF1305 ESU, направени се за необоени, внатрешни облоги кои нудат првокласна отпорност на гребење и оптимално ниво на содржината на талкот, и како краен резултат имаат помала густина и тежина.
VELVEX™ засилени еластомери, за примена во необоени внатрешни облоги, кои нудат подобра отпорност на гребење и нечистотија и помал сјај во однос на други познати материјали кои се полнат со талк како PP, PA/ABS или ABS производи.
MAGNUM™ 3416SC и MAGNUM™ 3616 познати се како најдобри ABS материјали за високи температури. Овие материјали кои се водечки на пазарот овозможуваат производство на внатрешни автомобилски делови кои се исклучително отпорни на топлина и димензионално стабилни.
MAGNUM™ 3904 содржи посебен тип на висок квалитет за силни удари, и се користи за делови кои се отпорни на удар. Сите типови на MAGNUM™ ABS даваат исклучителна термостабилност во текот на преработката, што резултира со неприметлив мирис и мала емисија на јаглерод.
За луксузни возила со голема потреба од отпорност на удари при ниски температури, Resinex нуди PC/ABS PULSE™ инженерска пластика од Trinseo, како што се PULSE™ A35-105, PULSE™ A35-110 за отпорност на високи температури или неодамна развиениот PULSE™ GX50.
Широка линијаTECHNYL® PA6 и PA66 продукти, од кој секој има урамнотежен распон на својства и исклучителен технички перформанс, нуди нови решенија наменети за различни сегменти на примена во возилата како што се каросерија, структурни делови, ладење и топлење, воздушни системи, механички делови, трансмисија, внатрешен дизајн, спојќи и др.
Scolefin® PP компаунди се првокласни компаунди засновани на PP хомополимери како и на кополимери. Имаат широка примена во автомобилските апликации и се повеќе се познати поради својот висок квалитет и конкурентни цени.
Компаунди со индустриски квалитет и високо квалитетни рециклираниMafill® PP, Mablex® PC/ABS, Ravamid® PA и други компаунди од производството на нашата матична компанија Ravago не само што се многу економични, туку претставуваат и еколошко решение за многу автомобилски апликации.